Македонија со најмало учество на црниот пазар на цигари во регионот

26.06.2014 19:43

Македонија е земја со ниско даночно и акцизно оптоварување на прометот на цигари, два пати пониско од просекот на ЕУ. Затоа производителите на цигари тврдат дека Македонија има и најмало учество на црниот пазар со цигари од сите земји на југоисточна Европа, дури десет пати помало од просекот.
 
„Македонија има значајно мал удел од само 2 процента на неоданочена потрошувачка на цигари. Таа бројка во другите земји од регионот варира и изнесува во просек високи 20% . Најголем дел се однесува на сечениот тутун, кој е особено опасен во земјите кои се производители на тутун и цигари. Македонија единствена има 10 годишен даночен календар што е важно за сите производители на цигари и овозможува предвидливост на амбиентот и стабилност на цените“, смета Мато Задро, претседател на Управата на компанијата  ТДР од Хрватска.
 
Свето Николовски