Советот на јавни обвинители му препорачува на Мемети да не учествува во работата додека трае постапката против него
Советот на Јавни обвинители денеска дискутираше за постапката против членот Иџет Мемети кој е осомничен за примање награда за противзаконито влијание...

Советот на Јавни обвинители денеска дискутираше за постапката против членот Иџет Мемети кој е осомничен за примање награда за противзаконито влијание. Според членовите, Мемети за времетраењето на истрагата не би требало да учествува во работата и одлуките на Советот. Тие образложија дека немаат законски можности за негово разрешување.
Мемети е второосомничен во истрагата поврзана со примање награда за противзаконито влијание во која е вклучен и врховниот судија, Наке Георгиев. Двајцата осомничени се дел од истрагата што ја отвори ОЈО ГОКК и се сомничат за „примање награда за противзаконито влијание“. Истрагата е отворена по акцијата на МВР која следува по претходна пријава од син на обвинет во предмет што се води во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Согласно Законот за Совет на јавни обвинители, одлуката за разрешување на член на Советот ја донесува Советот со најмалку шест гласови, при што за разрешувањето мора да гласале најмалку три члена избрани од јавните обвинители и три члена избрани од Собранието.
