Нови претреси во Парламентот на ЕУ
Претрес во просториите на Европскиот парламент во Брисел и Стразбур. Покрената е истрага за наводно руско мешање во европските избори, потврдија властите во Белгија...

Претрес во просториите на Европскиот парламент во Брисел и Стразбур. Покрената е истрага за наводно руско мешање во европските избори, потврдија властите во Белгија. Претресите се поврзани со таканаречениот случај „Порта Русија“, каде членовите на Европскиот парламент биле платени да промовираат руска пропаганда преку веб-страницата „Гласот на Европа“.
Со истрагата се поврзуваат имиња на соработници во Европскиот парламент. Во ЕУ во периодот од 6-ти до 9-ти јуни се одржуваат избори за новиот состав на Европарламентот.
Повеќе од 400 милиони граѓани ќе избираат свои претставници во оваа институција.
