Бројките на запишани првачиња од година во година се помали
Бројките на запишани првачиња од година во година се помали. Во главниот град најмногу запишани првооделенци има во скопски Аеродром. Заклучно со денешниот ден запишани се 851 прваче...

Магдалена е родител на прваче. Нејзиното синче Алек од први септември ќе седне во школските клупи. Првичните подготовки ги направиле навреме. Алек успешно ги поминал тестирањето и лекарските контроли. Со голема радост и возбуда го чека првиот училиштен час. Во ист клас ќе учи со другарчињата од градинка. Магдалена очекува наставниот кадар да помогне во процесот на адаптација.
Иселувањето ги празни основните училишта во Прилеп. Бројките на запишани првачиња од година во година се помали.
Во главниот град пак најмногу запишани првооделенци има во скопски Аеродром. Заклучно со денешниот ден запишани се 851 прваче.
Голем интерес и во другите општини во главниот град. Општина Карпош има запишано 600 првачиња, Општина Ѓорче Петров 400, Општина Бутел 420, Општина Кисела вода 496 првачиња.
Уписот на првачиња од учебната 2024/25 година почна на први мај, а тестирањата ќе траат до петок. Училиштата ќе вршат упис до 31-ви август.
Викторија Милевска
