УСТАВЕН СУД

Заврши мандатот на претседателката Кацарска

29.05.2024 14:58

Кацарска, работењето на Судот под нејзино раководство, го оцени како успешно и покрај фактот што половина од нејзиниот мандат имало само пет судии. Посочи дека се воведени новини, така што сите граѓани можат да поднесат претставка до Уставниот...

Заврши мандатот на претседателката на највисокиот суд во државата, Уставниот, Добрила Кацарска. Работењето на Судот под нејзино раководство, го оцени како успешно и покрај фактот што половина од нејзиниот мандат имало само пет судии. Сепак, успешно и навреме одговориле на сите претставки доставени до судот, изјави Кацарска на завршната прес-конференција. Посочи дека се воведени новини, така што сите граѓани можат да поднесат претставка до Уставниот, а ако не можат во нивно име може да поднесе Народниот правобранител. За поефикасно работење во служба на граѓаните, нагласи дека е покрената иницијатива за воведување уставна тужба која би требало да биде усвоена во мандатот на идниот претседател.

Последната прес-конференција со медумите беше искористена и за мислење на првиот човек на Судот, дали е уставно техничкиот премиер да продолжи да ја извршува функцијата иако доби пратенички мандат, на што Кацарска посочи дека такви случаи имало и во минатото.

Кацарска се уште не е информирана за завршица на заканите упатени до неа која ги пријави во полиција и не може да претпостави дали заканите ќе престанат по завршетокот на нејзиниот мандат.

Новиот претседател на Уставниот суд треба да биде избран до 2-ри јуни со тајно гласање на судиите во Судот.

 

Ирина Гелевска