Стабилност само со дисциплинирана фискална политика
Потребен е баланс меѓу фискалната и монетарната политика за да се заузди ценовната нестабилност и засилувањето на инфлаторниот бран, да се контролира трошењето на буџетските пари и да се води борба со сивата економија со цел да приберат буџетски приходи неопходни за функционирање на општествените дејности, вели академик Таки Фити на трибината за макроекономијата во услови на економски кризи...

Ако има фискална недисциплина, Буџетот многу троши, нема централна банка што може да ја спречи инфлацијата. Ако има зголемени плати, а слаба продуктивност, се создава инфлаторен притисок. Треба да се координираат фискалната и монетарната политика за да се стабилизираат цените, порачува академик Таки Фити.
Фискалниот совет треба да контролира како се трошат буџетските средства и дали се почитуваат правилата. Преку 60 отсто е учеството на јавниот долг како резултат на кризите.
Забрзување на економскиот раст и развој, продолжување на евроинтеграциите и борбата со корупцијата се добро профилирани приоритeti на идната влада-вели Фити. Порачува, треба да се продолжи со реформите, иако признава Буџетот е во тешка состојба, имаме висок долг. Но, со широк фронт против сивата економија, има потенцијал да се зголемат буџетските приходи и владата полесно ќе управува со фискалната политика. За промените во макроекономијата по големата рецесија од 2007-ма, со сосредоточеност на економските проблеми во земјава дискутираа економистите во МАНУ.
Александра Велинова
