Кој ќе раководи со ресорите и натаму во тајност
Коцките се редат за новиот владин кабинет. По вчерашната конститутивна седница и поделбата на ресори меѓу коалициските партнери, се чека официјално да бидат објавени имињата на министрите на „Илинденска“ број 2…

Тече рокот од 10 дена за новиот собраниски спикер Африм Гаши да ја извести претседателката Гордана Сиљановска-Давкова за новото парламентарно мнозинство, по што таа треба да го додели мандатот на Христијан Мицкоски како мандатар да ја состави новата Влада. Управниот суд веќе постапува по тужбата од Европскиот фронт за изборни нерегуларности, но јавната седница дополнително ќе се закаже.
Ако Христијан Мицкоски е сигурен за премиерската функција, Изет Меџити покрај функцијата прв вицепремиер ќе биде министер за животна средина и просторно планирање, а Арбен Таравари се споменува како сигурен за министерската фотелја во Здравство. Од друга страна и во СДСМ молк. По поразот на изборите се подготвува Конгресот за избор на нов претседател и раководство.
Миле Ристески
