Ахмети најави битка за легитимитет
Легитимитетот на гласачите Албанци е нарушен, ние и тие кои гласаа за нас сме омаловажени, затоа и вчера го напуштивме Собранието. Кои ќе бидат нашите идни чекори ќе одлучат партии од „Европскиот фронт“, посочи лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Не станува збор за бојкот, го напуштивме Собранието оти сме омаловажени. Кои ќе бидат следните чекори ќе треба одлучат сите чинители на „Европскиот фронт“, вели Ахмети. Посочи дека постои договор да се оштети „Европскиот фронт“.
„Не станува збор за бојкот, ние ќе ги користиме сите механизми демократски во одбрана на легитимитетот што сме го добиле. Охридскиот договор е прекршен. Тој треба да се прочита уште еднаш, тој не се чита исто од сите страни. Ние нема да дозволиме овој договор да се прекрши. Не случајно се поставува прашањето, зошто ние да гласаме кога некој друг одлучува за нас. Ние бевме во Собранието ги верификуваме мандатите но го напуштивме Собранието оти се чувствувавме омаловажени, затоа што легитимноста на тие кои гласале за нас се губи“, рече Ахмети.
На прашањето зошто сега има реакција за прекршувањето на правилото „победник со победник“ за состав на нова Влада, но не и во 2016 година кога победничката партија ВМРО-ДПМНЕ остана во опозиција.
„И тогаш во 2016 година кога не се испочитува правилото „Победник со победник“ и сега ДУИ не е мандатар, мандатот за состав на влада беше кај другите партии. Одговорноста за стабилноста, но и на и добри меѓуетнички односи го сноси мандатарот, дали тој ќе ја почитува волјата на граѓаните тоа не зависи од нас, ние не сме мандатари“, одговори Ахмети.
Од овие настани ДУИ ќе излезе многу посилна, а отсега па натака како што посочи Ахмети, ја започнуваме битката за почитување на духот на Охридскиот договор.
Зоран Димовски
