Здравство

Намалената капитација ги извади матичните лекари на протест

29.05.2024 16:20

Матичните лекари излегоа на краток протест за време на пауза. Неприфатливо е да се намалува капитацијата за лекување на народот. Протестот се реализираше низ целата земја пред подрачните единици на Фондот за здравство...

Наместо ручек и кафе, половина час матичните лекари на протест. 20, па и 30.000 денари ќе бидат казнети. Според Фондот, препишале повеќе рецепти на хронична терапија и антибиотици. Тоа што во септември беше најавено како добра вест, матичните да препишуваат терапија за хронично болните за пациентите да не се малтретираат, падна на товар на лекарите.

Да имаат дури и еден лек повеќе дадено, којшто чини 50 денари, капитацијата ќе им биде намалена над 15.000 денари.

Фондот за здравство со правилник го има дефинирано обемот на лекови, кои секој од матичните лекари може да го препише сразмерно на бројот на пациенти коишто ги има.

Од Фондот за здравство, информираат дека се прават пресметки и анализа, за да види зошто е дојдено до оваа состојба и дали причините се објективни или субјективни, и согласно добиените пресметки ќе постапи соодветно за никој да не биде оштетен.

 

 

Наташа Јанчиќ- Менковски