Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски во официјална посета на Турција
Вељаноски денеска ќе биде пречекан од неговиот домаќин Чичек во Tурското национално собрание, а потоа ќе разговара и со потпретседателот на турската влада, Булент Аранч, а ќе биде примен и од претседателот на Tурција, Абдула Ѓул...

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, престојува во дводневна официјална посета на Турција на покана на претседателот на Големото национално собрание на Република Турција, Џемил Чичек.
Вељаноски денеска ќе биде пречекан од неговиот домаќин Чичек во Tурското национално собрание, а потоа ќе разговара и со потпретседателот на турската влада, Булент Аранч, а ќе биде примен и од претседателот на Tурција, Абдула Ѓул.
Синоќа во чест на македонската делегација прием приреди претседателот на Меѓупарламентарната група за пријателство меѓу Турција и Македонија, Хусеин Бурге.
Се очекува утре во Истанбул Вељаноски да се сретне и со патријархот Вартоломеј. Во придружба на Вељаноски во посета на Турција се и пратениците Ќенан Хасипи, Газменд Алији, Реџаил Исмаили и Илија Димовски.
Ова е прва официјална посета на Вељаноски по неговиот повторен избор за претседател на Собранието.
