Вашингтон

Вашингтон: Нападот во Рафа е „срцепарателен“

29.05.2024 18:08

Белата куќа го опиша израелскиот воздушен напад врз бегалскиот камп во Рафа како „срцепарателен“, но не направи никаков потег да ја ограничи воената помош за Израел...

Белата куќа го опиша израелскиот воздушен напад врз бегалскиот камп во Рафа како „срцепарателен“, но не направи никаков потег да ја ограничи воената помош за Израел или да ја смени својата политика за поддршка на правото на државата да спроведува операции во Газа.
Американскиот претседател Џо Бајден постојано го предупредуваше Израел да не започнува копнена офанзива во преполниот јужен град во Газа.
Но Белата куќа истакна дека не верува дека воздушните напади од викендот ја преминале црвената линија на администрацијата или гарантирале промена на политиката.

Од Вашингтон се јавува Мартин Николовски од Гласот на Америка.