Врховниот суд денеска ја одби жалбата Боре Видевски, еден од осомничените за двојното убиство
Врховниот суд денеска ја одби како неоснована жалбата на Боре Видевски, еден од осомничените за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски...

Врховниот суд денеска ја одби како неоснована жалбата на Боре Видевски, еден од осомничените за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Видевски, во жалбата изјавена преку неговиот бранител Бојан Манев, барал притворот да му биде заменет со домашен притвор.
Велешанецот Боре Видевски е еден од петмината осомничени, од кои тројца се товарат за соизвршителство во тешките кривични дела две грабнувања и две убиства на свиреп начин, еден за помагање при грабнување на малолетно лице и еден за помагање по извршено кривично дело.
Видевски денеска негирал вина дека бил инволвиран во грабнувањето и убиството на 14 годишната Вања Ѓорчевска и 74 годишниот Панче Жежовски.
Во Обвинителството се врши увид во доказите кои тие ги имаат за случајот со убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.
