Реакција

ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“ му одговорија на Ахмети

29.05.2024 16:09

Нема ниту мајоризација, ниту шовинизам, ниту е важно што Ахмети имал чувство на навреденост, важно е што волјата на мнозинството е тоа да ДУИ да оди во опозиција и се соочи со одговорност...

Нема ниту мајоризација, ниту шовинизам, ниту е важно што Ахмети имал чувство на навреденост, важно е што волјата на мнозинството е тоа да ДУИ да оди во опозиција и се соочи со одговорност, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ. 

„Ако одењето на ДУИ во опозиција е кршење на рамковниот договор, тогаш и Али Ахмети го прекрши кога реши да ја изостави ВМРО-ДПМНЕ од владата и не го почитуваше резултатот на изборите 2016-та година каде победи ВМРО-ДПМНЕ, што само значи дека почитувањето на Охридскиот договор нема врска со фактот дали ДУИ е власт или опозиција“, реагираа и од „Вреди“.