Временска прогноза
Сончево и топло со мала до умерена облачност
30.05.2024 08:03
Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Од пладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи...

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Од пладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, засилен ветер и изолирана појава на град. УВ индексот ќе изнесува 6.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност, од пладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за краткотрајно невреме.
