мвр
114 сообраќајни санкции во Скопје
30.05.2024 08:14
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови...

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 114 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 10 санкции, десет санкции за користење мобилен телефон при возење, четири санкции за некористење на сигурносен појас, седум мерки за минување на затворен сигнал – црвено светло.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да се придонесе за посигурни патишта, информираат од МВР.
