За земјоделците поголем буџет

27.06.2014 10:57

Поголем буџетот за земјоделците во 2014 година. Најмногу пари се планира да се потрошат за субвенции и за капитални објекти за наводнување...

Во 2014 година Министерството за земјоделство најмногу пари ќе потроши за водостопанството.

Ќе се инвестира во хидроситемите Зелтовица, Лисиче и Јужновардарска долина.

Во Кочанско почната е изградбата на брана на Оризарска река со која ќе се наводнуваат 1.700 хекари и на брана на реката Коњско за 4.500 хектари.

Во 2014 година најмногу пари ќе се одвојат и за субвенции.

Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството ќе има на располагање 140 милиони евра, што е за 5 милиони евра повеќе од 2013 година.

Средствата ќе бидат поголеми и за руралниот развој и ќе изнесуваат 26 милиони евра.   

Со кофинансирање од 50 проценти ќе се подржат инвестициите за подобрување на конкурентноста и модернизацијата на земјоделските стопанства, инвестициите за обновливи извори на енергија и руралната инфраструктура и туризам.

 

Методија Трајков