Османи во Прага на неформален НАТО министерски состанок

30.05.2024 09:16

Во фокусот на разговорите ќе бидат актуелните безбедносни предизвици, понатамошната поддршка за Украина, како и зајакнувањето на одвраќањето и одбраната на Алијансата...

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, патува за Прага каде ќе учествува на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО.

Во фокусот на разговорите ќе бидат актуелните безбедносни предизвици, понатамошната поддршка за Украина, како и зајакнувањето на одвраќањето и одбраната на Алијансата.

Воедно, ќе стане збор и за финалните подготовки и клучните одлуки кои се очекува да бидат усвоени на Самитот на НАТО, што ќе се одржи во јули во Вашингтон.