Зајакната поддршката од Западот за Украина
Средствата се наменети за енергетска безбедност и за спротивставување на руските дезинформации. Во истовреме Блинкен ја потенцираше поддршката за Украина...

Американскиот државен секретар во Кишињев вети 135 милиони долари помош за Молдавија. Средствата се наменети за енергетска безбедност и за спротивставување на руските дезинформации. Во истовреме Блинкен ја потенцираше поддршката за Украина.
„Се менува сликата на бојното поле. Како што се менуваат локациите, се менуваат и средствата што Русија ги користи. Се приспособивме на тоа, вклучувајќи ги различните видови оружје што ние и сојузниците и партнерите и ги обезбедивме на Украина. Ние учиме и секогаш одлучуваме за тоа што е неопходно за да се осигураме дека Украина може ефективно да продолжи да се брани“, изјави Ентони Блинкен, државен секретар на САД.
И додека продолжуваат битките на фронтот и нападите со беспилотни летала, украинскиот претседател вели дека работат напорно за зајакнување на противвоздушната одбрана.
