ИСЛАНД

Нова евакуација на Исланд поради ерупција на вулкан

30.05.2024 09:14

Властите го евакуираа малиот рибарски град Гриндавик, како и познатиот геотермален спа-центар „Сина лагуна“...

На југозападниот дел на Исланд еруптираше вулканот, по петти пат од декември. Властите го евакуираа малиот рибарски град Гриндавик, како и познатиот геотермален спа-центар „Сина лагуна“.

Исландската метеоролошка служба наведува дека новата пукнатина од која избива лавата е долга повеќе од 2,5 километри и продолжува да се зголемува.