ИНДИЈА

Регистрирани рекордни 52.3 Целзиусови степени во Индија

30.05.2024 09:16

Властите предупредија од недостиг од вода. Топлотниот бран во централна и северозападна Индија се очекува да стивне денеска...

Рекордна температура од 52.3 Целзиусови степени е регистрирана вчера во Њу Делхи. Властите предупредија од недостиг од вода. Топлотниот бран во централна и северозападна Индија се очекува да стивне денеска.

Многу високи температури се вообичаени во Индија во текот на летото, но климатските промени ќе донесат подолги, почести и поинтензивни топлотни бранови, велат научниците.