Судство

Закажана седница за избор на претседател на Уставниот суд

30.05.2024 09:34

Според член 7 од Деловникот Уставниот суд на седница избира претседател од редот на судиите со двотретинско мнозинство од вкупниот број на судиите, со тајно гласање...

Денеска во 10 часот е закажана седница за избор за претседател на Уставниот суд на Република Северна Македонија.

Според член 7 од Деловникот Уставниот суд на седница избира претседател од редот на судиите со двотретинско мнозинство од вкупниот број на судиите, со тајно гласање. Секој судија може да предложи кандидат за претседател на Уставниот суд.

Предлогот за кандидат за претседател на Уставниот суд го утврдува комисија од тројца судии избрани со мнозинство од вкупниот број на судиите.

Ако кандидатот не го добие потребното мнозинство гласови, постапката за избор на претседател се повторува, велат од Уставен.