„Камера“ за почеток на Битфест

27.06.2014 11:33

По деветти пат Битола ќе го отвори градот за 270 културни настани во најбогатото и најдолготрајно културно лето во земјава- Битфест. Ќе учествуваат уметници од 20 земји во светот, а градот ќе понуди атрактивни локации за сите мултимедијални проекти...

Најдолгото и најобемно културно лето во земјава ќе го отвори мултимедијалниот проект „Камера“, режисерот Сашо Миленковски и сценографот Зоран Николовски користејќи дел од богатата филмска и фото- документација на браќата Манаки преку претставата ќе се обидат во живо да ги доловат настаните што пред еден век се случувале во старата битолска чаршија.

„Во овој проект ги анализираме очите на кинематографот, како Битола реално изгледала откако нештата ќе се пренесат на филмската лента. Очекувам тоа за прв пат да го доловиме како од денешен аспект изгледало тогаш во живо“, вели режисерот Сашо Миленковски.

„Мислам дека со богатата костимографија дека ќе го доловиме тој период од живеењето на Битола, посебно старата чаршија“, вели дизајнерот Зоран Николовски.

На годинешниов фестивал ќе настапат еминентни уметнички имиња од 20 земји во светот.  Случувањата и овојпат ќе се одвиват на најразличните атрактивни битолски локации и културните установи.

„Ние се одлучивме за 165 наслови, а од нив произлегуваат 270 настани или тоа е за 40-тина повеќе од минатогодишниот Битфест“, рече градоначалникот и покровител на манифестацијата Владимир Талески.

Последниот настан е на 29-ти август со настапот на Владо Јаневски во античкиот локалитет „Хераклеа“.

 

Стевче Митревски