Средните училишта во Штип подготвени за првиот екстерен матурски испит
Близу 15 илјади матуранти во сабота во 10 часот ќе го полагаат првиот од двата екстерни испити од државната матура. Новина годинава е тоа што наместо во училници, тестовите ќе се полагаат во холовите и училишните спортски сали. Штипските средни училишта се подготвени за новиот начин на полагање...

475 матуранти од Штип во сабота ќе го полагаат првиот од двата матурски екстерни испити – мајчин јазик и литература. Според насоките на Државниот испитен центар, годинава испитот на зрелоста ќе се полага во спортските сали и училишните холови и со поголем број тестатори и набљудувачи. Средните училишта во Штип се подготвени за тестирањето во сабота.
Средното медицинско училиште годинава е со најголем број матуранти, сè е подготвено за 207 ученици да го потврдат наученото.
Вториот задолжителен предмет од државната матура ќе се полага на 8-ми јуни. 104 матуранти од стручните штипски училишта ќе полагаат завршен испит, а за училишна матура се пријавиле тројца ученици.
Славица Величковска
