Кривична пријава за поранешниот раководител на струшки „Колектор“

27.06.2014 11:38

Пријавениот, во текот на 2009 година, во својство на одговорно лице раководител на работната единица „Колектор“ овозможил продажба на старо железо при што на Јавното претпријатие „Проаква“ му нанел штета во износ од 1.051.500 денари...

Поради постоење на основано сомнение за сторено казнено дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, полициската станица од Струга против А.В. (48) од струшкото село Радолишта, поднесе кривична пријава.

Пријавениот, во текот на 2009 година, во својство на одговорно лице раководител на работната единица „Колектор“ овозможил продажба на старо железо при што на Јавното претпријатие „Проаква“ му нанел штета во износ од 1.051.500 денари.

Противправната постапка ја направил иако знаел дека за ваквите продажби треба да формира посебна комисија, да објави тендер, но и да има предходна одлука на Управниот Одбор на претпријатието.

Пријавениот А.В. искористувајќи ја својата службена положба и овластување, во текот на јануари 2009 година, овозможил од работната единица „Колектор“ утовар на старо железосо извесен состав на бакар во вкупна тежина од 44.040 килограми.

За товареното старо железо, Јавното претпријатие „Проаква“ наплатило износ од 59.500 денари со истовремено книжење на фактурата и изводот по што книговодствено случајот бил затворен.