Политика

Меџити најавува зголемено мнозинство

30.05.2024 17:18

Ќе се зголеми владејачкото мнозинство во законодавниот дом. ВМРО-ДПМНЕ, „Вреди“ и ЗНАМ сега имаат заедно 78 пратеници. Но Изет Меџити тврди дека тројца или четворица пратеници од европскиот фронт ќе преминат во нивните редови. Аналитичарите за МТВ велат мнозинството во моментот има голема одредена комоција, но доправ ќе се утврди како ќе функционираат коалициите внатре...

По ВМРО-ДПМНЕ и од „Вреди“ велат дека неколкумина пратеници од „Европскиот фронт“ ќе го сменат дресот во корист на владејачкото мнозинство. Изет Меџити еден од лидерите на „Вреди“ без да каже имиња сепак алудира на пратеници од турските партии во „Европскиот фронт“. Веднаш пристигнаа деманти за тоа што го тврди Меџити токму од првите луѓе на турските партии.

Аналитичарот Петар Арсовски, за МТВ коментира дека мнозинството кое е во моментот големо дава одредена комоција, но коалициите внатре треба да се види како ќе функционираат.

ДУИ иако разочарана од тоа што не е во власта не се очекува да направи посериозни испади во безбедносна смисла, барем до локалните избори .

Во однос на уставните измени Арсовски смета дека ќе нема поголеми поместувања. Може измените да не дојдат на дневен ред, а Бугарија нема проблем да почека и да ја види разрешницата со антагонизацијата со Преспанскиот договор. Дури по изборите во САД може да се очекува динамизирање на тој политички проект, заклучува Арсовски.

 

Миле Ристески