Состанок на НАТО за Украина
Во Прага состанок на шефовите на дипломатиите на НАТО. Првиот човек на Алијансата со апел да се укине забраната за Киев да користи западно оружје на руска територија, во момент на интензивирани напади во Украина. Кремљ реагира-провокациите на НАТО неминовно ќе имаат последици. На бојното поле и натаму гори...

Шефовите на дипломатиите на НАТО на дводневен состанок во Прага за да се постигне пакет-поддршка за Киев, на Самитот на алијансата во Вашингтон во јули. Во пресрет на состанокот, генералниот секретар Столтенберг со повик до сојузниците да ги укинат ограничувањата, за Киев да може да користи западно оружје за цели во Русија во момент кога Москва ги интензивира нападите на украинска територија. САД воздржан по ова прашање. Американскиот државен секретар ја истакна чешката посветеност на украинската војска.
„Особено морам да го поздравам она што чешка го направи обиколувајќи го светот во пронаоѓање на потребната муниција што ја има Украина на бојното поле“, изјави Антони Блинкен - државен секретар на САД.
„Одговорност на демократскиот свет е да им даде на украинските вооружени сили сè што им е потребно за да ја одбранат својата земја. Чешка и обезбеди на Украина тенкови, борбени возила и хеликоптери за напад. Сега работиме на испорака на стотици критично потребни артилериски гранати“, изјави Јана Шернохова - министер за одбрана на Чешка.
Кремљ реагира-провокациите на НАТО неминовно ќе имаат последици.
„Земјите членки на северноатлантската алијанса, САД, особено другите европски престолнини, влегуваат во нова рунда на ескалација на тензиите во последните денови и недели. Тие го прават тоа свесно. На секој можен начин ја провоцираат Украина да ја продолжи оваа бесмислена војна. Тие самите имаат намера да ја продолжат војната со нас, во буквална и преносна смисла. Сево ова, се разбира, неминовно ќе има свои последици“, изјави Дмитриј Песков - портпарол на Кремљ.
На бојното поле и натаму гори. Загуби и штети и на двете страни. Киев тврди дека Русија распоредува трупи на северот од Харков, но смета дека засега нема доволен број сили да почне нова офанзива.
Бојана Крстевски
