Кривичен суд

Истрагата за двојното убиство пред финиш, се чека обвинение

30.05.2024 20:00

Во завршна фаза истрагата на Јавното обвинителство за убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче жежовски – велат од Обвинителството. До крајот на неделава треба да се поднесе обвинението, бидејќи истекува шестмесечниот притвор на осомничените. И нивните адвокати извршија увид во доказите...

Финишира истрагата за убиството на Вања и Панче. Со оглед истекува шестмесечниот период за притвор во истрага за дел од обвинетите, јавниот обвинител се очекува до крајот на неделава да го поднесен обвинението.

„Јавното обвинителство веќе извести дека истрагата против дел од осомничените е во завршна фаза и дека до нив е доставено известување за завршена истрага. Надлежниот јавен обвинител изготвува одлука, за која јавноста ќе биде известена кога ќе биде донесена“, информираа од Јавното обвинителство.

Со обвинителниот акт се очекува да се најдат Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишев, не се знае дали статус на обвинет ќе добие и таткото на Вања, кој е осомничен дека и давал информации на Љупчо Палевски првоосомничениот за двојното убиство. За Палевски веќе се води истрага и се чекаат доказни материјали.

Претходно, Стефан Димковски кој го превезе првоосомничениот од Белград до Турција, тврдеше дека е невин и додека го возел не знаел дека полицијата е во потрага по него. Адвокат изјави дека и по направениот увид во Јавното обвинителство ќе достават соодветни докази кои ќе го потврдат тврдењето. А за грабнувањето и убиствата на Вања и Жежовски осомничени се 4 лица, сите во притвор, меѓу кои Љупчо Палевски-Палчо кој неодамна беше екстрадиран од Турција.

Адвокат од Струмица пак, кој е осомничен дека му помагал на Палчо во бегството е само со мерки за претпазливост.

 

Борис Грујоски