Трет меѓународен извиднички камп во Тетово
Во тетовското Арабати Баба Теќе се одржува третиот меѓународен извиднички камп во организација на здружението Калкан . Младите извидници низ разни вештини учат како да станат подобри личности кои позитивно ќе влијаат врз развојот на општеството. Еве еден ден меѓу нив...

Извидниците од Македонија, Турција, Србија и Косово се дружеа кампувајќи во тетовското Арабати Баба Теќе.
„Овој вид на камп е камп на пријателство, мир и соработка“, вели Џенгис Дестан – Здружение „Калкан“.
Извидничкиот камп по трет пат го организираше здружението „Калкан“ од Тетово.
Од Сојузот на извидници на Македонија со здружението Калкан работат на создавање извиднички одред во Тетово.
„Пред се извидниците овде ќе работат на едукација, едуцирање на младите луѓе како себе си да се изградат во подобар човек кој има активна и конструктивна улога во општеството“, рече Горан Ѓорѓиев – Сојуз на извидници на Македонија .
Овој извиднички камп доби поддршка и од тетовската локална самоуправа.
„Апсолутно секогаш ги поддржуваме овие активности бидејќи се меѓународни, а не се многу скапи за нас како општина, а ги поттикнуваат младите да соработуваат и заедно да се грижат за природата и да воведат вредности“, изјави градоначалничката на Тетово, Теута Арифи.
Кампот е поддржан и од турската агенција „Тика“.
Зоран Јовановски
