Уставен суд
Продолжува седницата за избор на претседател на Уставен суд
31.05.2024 08:14
За денеска закажана нова седница. Неизвесно дали некој од кандидатите ќе го добие потребното двотретинско мнозинство за да застане на кормилото на Уставниот суд...

Уставните судии во нов обид да си изберат претседател. И по четири обиди, не избраа претседател. Ниеден од кандидатите не ги доби потребните 6 гласа од колегите. Гласањето е тајно. Резултатот во сите 4 круга ист, 5 гласа за Татјана Васиќ Бозаџиева, а 4 за Ана Павловска Данева.
За денеска закажана нова седница. Неизвесно дали некој од кандидатите ќе го добие потребното двотретинско мнозинство за да застане на кормилото на Уставниот суд.
Мандатот на претседателот на Уставен суд е три години, без право на реизбор.
