УКРАИНА

Зеленски најави нови договори за одбрана и дронови

31.05.2024 08:27

Украинскиот претседател Зеленски вели дека на повидок се нови договори со партнерите за противвоздушна одбрана и производство на беспилотни летала...

Министрите за надворешни работи на НАТО на дводневен неформален самит во Прага. Трансатлантската воена Алијанса бара начини да и помогне на Украина пред самитот во Вашингтон во јули.

Украинскиот претседател Зеленски вели дека на повидок се нови договори со партнерите за противвоздушна одбрана и производство на беспилотни летала.

„Веќе имаме одредени потврди од лидерите за подобрување на нашите капацитети за противвоздушна одбрана, а клучот е да ги спроведеме во целост и да додадеме повеќе договори. Во блиска иднина, за воздушната одбрана активно ќе се разговара со партнерите, а особено производство на беспилотни летала – зголемување на обемот и привлекување посебни инвестиции“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.

Американските медиуми тврдат дека претседателот Бајден му дозволил на Киев да го употребува оружјето од САД за напади во Русија, но само во околината на Харков. Според аналитичари, нападите на опремените сили на Кремљ што ја продолжуваат офанзивата во источна и североисточна Украина и го донесе на Украина најголемиот воен тест од почетокот на целосната инвазија на Русија во февруари 2022 година.