ЦУК

До 22-ри јуни тестирање на гасоводот Скопје - Гостивар

31.05.2024 09:29

Заради безбедноста на граѓаните, најавено е регулирано ограничено движење во близина на гасоводната делница Скопје - Гостивар, во сигурносен појас од 100 метри од двете страни на цевката...

До 22-ри јуни ќе се врши пневматско испитување на цврстината и непропусноста на гасоводот  Скопје - Гостивар, поради што ќе биде регулирано движењето во близина на оваа гасоводна делница.

Заради безбедноста на граѓаните, најавено е регулирано ограничено движење во близина на гасоводната делница Скопје - Гостивар, во сигурносен појас од 100 метри од двете страни на цевката, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Како што појаснуваат од ЦУК, тоа е поради пневматско испитување на цврстината и непропусност на магистралниот гасовод во три последователни временски интервали во периодот до 22-ри јуни.