Skopje

Без струја делови од Карпош, Ѓорче Петров, Кисела Вода и Чаир

31.05.2024 09:30

Поради планирани прекини во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат делови од општините Карпош, Ѓорче Петров, Кисела Вода и Чаир...

Поради планирани прекини во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат делови од општините Карпош, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Чаир.

Во периодот од 11 до 13 часот, струја ќе немаат корисниците од булеварот „Партизански одреди“ број 93 влез 4 во општина Карпош.

Од 09 до 15 часот – дел од корисниците на улицата „103“, од кружен тек Волково кон црквата во општина Ѓорче Петров.

Дел од улицата „Дарвинска“ во населбата Драчево, општина Кисела Вода, ќе нема струја од 09 до 14 часот.

Во општина Чаир, струја ќе немаат од 8.30 до 13 часот – улицата „Славеј Планина“, дел од „Прохор Пчински“ кон џамијата, дел од „Пластичарска“, објектите околу „Мармарис“, „Топанска“ и објектите околу Теќето.