Скопје
Викендов во Скопје ќе се прска против комарци
31.05.2024 10:28
Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, прскањето ќе се изврши првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин...

Во текот на викендов, во раните утрински часови во сабота и недела, ќе се врши авионско прскање на подрачјето на градот Скопје против возрасни форми на комарци.
Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, прскањето ќе се изврши првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин, информираа од Град Скопје
Оттаму ги известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.
