Продолжи седницата за избор на претседател на Уставниот суд
Новиот претседател на Уставен ќе ја замени досегашната претседателка Добрила Кацарска, чиј тригодишен мандат истекува на 2-ри јуни.

Во Уставниот суд продолжи седницата за избор на претседател на Судот. Вчера имаше четири неуспешни обиди за избор на претседател на Уставен суд, а според информациите, ниту еден од предложените кандидати не го добил потребното мнозинство. Се гласало за избор помеѓу судијките Татјана Васиќ Бозаџиева и Ана Павловска Данева.
Новиот претседател на Уставен ќе ја замени досегашната претседателка Добрила Кацарска, чиј тригодишен мандат истекува на 2-ри јуни.
Според Деловникот, Уставниот суд на седница избира претседател на Судот од редот на судиите со двотретинско мнозинство од вкупниот број на судиите, со тајно гласање.
