Намален буџетот на ФБИ
09.12.2013 20:43
Буџетот на американското Федерално Биро за истраги во 2014-та година ќе биде скратено за 700 илјади милиони долари. ФБИ се соочува со намален буџет од март , а дополнителното намалување на финансиите ќе предизвика отпуштање на околу 3500 агенти од работа. Асоцијацијата на ФБИ агенти во којашто членуваат околу 12000 активни и пензионирани агенти реагира дека ова е неприфатливо.

Доколку Конгресот не го одобри буџетот на ФБИ од 8,3 милијарди долари и го намали за 700 илјади милиони, агентите предупредуваат дека нема да можат да ги штитат граѓаните од тероризам и криминал. Идната година ќе бидат отпуштени 3500 агенти и нема да има прием на нови агенти на обука во ФБИ академијата во Квантико.
-„Некои критични операции нема да бидат можни, а ќе има и принудни одмори за агентите. Со овој извештај од теренот сакаме на сите политичари да им укажеме дека нема да можеме да ги штитиме Американците од терористички и криминални закани без целосен буџет“.
Најпогодени според агентите ќе бидат истрагите против интернет и финансискиот криминал, шпионажата, тероризмот и борбата против бандите. Високо обучени агенти ќе заминат во приватните компании -Реналдо Таричи- ФБИ агент од Њујорк
-„Намалениот буџет на ФБИ ќе ја намали и соработката со полициските служби во странство“.
Ирина Гелевска - Постојан дописник за МРТ од Вашингтон