Во Доњецк преговори помеѓу сепаратистите и украинските власти

27.06.2014 12:09

Истекува прекинот на огнот во источна Украина. Во Доњецк се очекуваат преговори меѓу сепаратистите и украинските власти.

Претседателот Петро Порошенко е во Брисел за да учествува на самитот на Европскиот Совет на кој треба да биде потпишан договорот за економска и трговска соработка со Европската Унија.

Неговиот претходник Виктор Јанукович одби да го потпише документот, што резултираше со протести и нереди во Украина. 