Статистика

Негативен природен прираст во првиот квартал

31.05.2024 11:47

Во првиот квартал годинава живородени се 3.632 деца и во споредба со истиот период од претходната година нивниот број е намален за 0,7 проценти...

Во првиот квартал годинава живородени се 3.632 деца и во споредба со истиот период од претходната година нивниот број е намален за 0,7 проценти, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика.

Бројот на умрени лица во првите три месеци од годинава бележи намалување од 0,6 проценти во споредба со истиот период од минатата година и изнесува 5.199, а од нив осум се умрени доенчиња.

Природниот прираст во првиот квартал годинава е негативен и изнесува -1.567 лица, што значи дека за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.