СЕВЕРНА КОРЕЈА
Северна Кореја спроведе вежби за утврдување на нуклеарната способност
31.05.2024 12:54
Најновите тестови на оружје, имаат за цел да ја покажат решеноста на Северна Кореја дека да не се двоуми да изврши превентивен напад врз јужниот сосед, доколку биде загрозена...

Северна Кореја спроведе вежби за утврдување на нуклеарната способност. Официјалната Централна новинска агенција на Пјонгјанг објави дека најновите тестови на оружје, имаат за цел да ја покажат решеноста на Северна Кореја дека да не се двоуми да изврши превентивен напад врз јужниот сосед, доколку биде загрозена.
Тензиите на Корејскиот полуостров повторно се зголемија во последните месеци. Пјонгјанг пред два дена беше обвинет дека преку границата со Јужна Кореја испратиле стотици балони со отпад.
