Саем

Саем за обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност

31.05.2024 14:21

Компаниите, домаќинствата, но и земјоделците се повеќе користат обновливи извори на енергија, како замена за струја. Но, не е важно само да се купат, туку да имаат корисен, а не штетен ефект. Како да ги препознаеме кои апарати ќе ги намалат сметките за електрична енергија и кои ќе влијаат позитивно на климатските промени?

За поголема енергетска ефикасност, производите од обновливите извори на енергија треба да бидат сертифицирани. Да ги исполнуваат критериумите за ефикасност и да бидат во согласност со светските стандарди – порачуваат од Македонската асоцијација за соларна енергија. Велат дека е потребно редефинирање на политиките за субвенции.

Не смее на сметка на подобрување на енергетската ефикасност, да трпи производството на храна. Поставувањето на фотоволтаици треба да биде плански, а не на земјоделски обработливи површини објаснува Насев.

Овој бојлер е иновација, еден од производите кои беа изложени на Саемот. Користи различни извори на енергија, го користат повеќе потрошувачи, поекономичен е и енергетски поефикасен.

Во земјава сè уште доволно не се користат обновливите извори на енергија иако има потенцијал, природни ресурси. Сè уште не е развиена и свесноста за користење на производите за обновливи извори на енергија, па нашите производители најчесто ги извезуваат во странските земји.

 

Александра Велинова