Се одбележува 31-ви мај, Светски ден за борба против пушењето
Со секоја испушена цигара, се скратува животот за 12 минути. Ова го покажува статистиката направена од Светската здравствена организација. Пред 37 години, 31-ви мај почнал да се одбележува како Светски ден за борба против пушењето …

Половина од македонските граѓани се активни пушачи на цигари. Според статистиката на Институтот за јавно здравје, 50% од луѓето се најголеми консуматори на тутунот во споредба со жителите од југоисточна Европа, каде просекот на пушење е 22%. Споредбено се земјите од Европа, во Македонија цигарите сè уште се продаваат најевтино. Токму поради тоа, граѓаните никако да се откажат, од како што велат, оваа штетна навика.
Но има и граѓани кои никогаш не запалиле цигара.
Македонија е една од првите 10 држави во светот со испушени цигари на човек, а статистиката за младите пушачи од 12 до 15 години изнесува 13%, покажува истражувањето од „Аналитика“.
Проблем е и тоа што помладата популација се повеќе се фаќа за цигара.
Пулмолозите по којзнае кој пат алармираат за откажување од цигарите, но како што велат сето е попусто.
Паралелно, пушењето во угостителските објекти е чувствително прашање. Иако некогаш целосно беше забрането тоа, сега е дозволено само на отворените тераси и летните бавчи.
Според СЗО, во светот пушат над 1 милијарда луѓе, од кои 200 милиони се жени.
Борис Грујоски
