Енергетика
Поради дефект испадна од системот Блок 2 на РЕК Битола
31.05.2024 14:36
Во тек се операции за пуштање во погон на еден од блоковите кои се резерва на работата на Блок 2...

Поради дефект испадна од системот Блок 2 на РЕК Битола. Во моментов се работи на отстранување на причината за испадот, велат од ЕСМ.
Во тек се операции за пуштање во погон на еден од блоковите кои се резерва на работата на Блок 2.
Потребата за електрична енергија во македонскиот електроенергетски систем се задоволува од сопствените производствени капацитети, велат од компанијата.
