Куманово

Продолжи судењето против кумановскиот градоначалник

31.05.2024 16:24

Во кумановскиот суд продолжи судењето против градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, кого двајца инвеститори го обвинуваат за злоупотреба на службена положба...

Во кумановскиот суд продолжи судењето против градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, кого двајца инвеститори го обвинуваат за злоупотреба на службена положба и овластување. На рочиштето судот прифати но и одби дел од доказите на одбраната и обвинителството. Наредните две рочишта на кои ќе се искажат оштетените и сведоците во постапката, се закажани за јуни.

Според обвинението, Димитриевски не потпишал решение за градба и пресметка за надомест за уредување на градежно земјиште и им нанел штета од 3,3 милиони денари.

Дополнително поткрената е и граѓанска постапка во која оштетените бараат околу 93 милиони денари. Димитриевски и неговата бранителка одбија да се обратат пред медиумите. Адвокатот на оштетените задоволен од прифатените докази.