Неколку лица повредени во напад со нож во Германија
Вооружен напаѓач рани неколку лица со нож на централниот плоштад во југозападниот германски град Манхајм, соопшти полицијата..

Вооружен напаѓач рани неколку лица со нож на централниот плоштад во југозападниот германски град Манхајм, соопшти полицијата.
Полицијата пукала во напаѓачот при што го повредила, пишува Асошиетед Прес. Според германските медиуми, во нападот бил повреден десничарскиот активист и антиисламски критичар Михаел Штурценбергер.
Нападот се случил во 11:30 часот по локално време, а полицијата соопшти дека не може веднаш да прецизира колку лица се повредени или степенот на нивните повреди.
Меѓу повредените има и полицаец, а во соопштението се наведува дека веќе нема никаква опасност за граѓаните.
Засега нема официјални информации за мотивот на нападот.
