Македонија

ДЗС: Поскапени поштенски и курирски услуги

31.05.2024 18:37

Поскапеа поштенските и курирските услуги во Македонија. Статистика го регистрира поскапувањето...

Поскапеа поштенските и курирските услуги во Македонија. Статистика го регистрира поскапувањето.

За 3,8 отсто поскапеле цените на поштенските и курирските услуги во првото тримесечје од годинава, во споредба во истиот период минатата година, објави Државниот завод за статистика(ДЗС).

Во првото тримесечје од годинава, цените на услугите за транспорт и складирање се на исто ниво во однос на 2023 година. Цените на копнениот и цевководниот транспорт бележат намалување од 0,1 отсто.