Регион
Силно невреме во Хрватска
31.05.2024 20:30
Хрватските власти издадоа портокалов метеоаларм за речиси целата територија, откако земјата беше зафатена од силно невреме проследено со поројни дождови и силен ветер...

Хрватските власти издадоа портокалов метеоаларм за речиси целата територија, откако земјата беше зафатена од силно невреме проследено со поројни дождови и силен ветер.
Најлоша е ситуацијата на островот Крк. Невремето го зафати и Загреб поплавувајќи ги улиците, а во областа Кутина паѓаше и град.
Се очекува влажниот бран да се движи низ западниот дел на Мославина. Локално посилни грмежи има на подрачјето на Истра, а до крајот на денот можно е и во другите делови на Хрватска.
