Хрватска
Три лица повредени, откако мал авион ја промашил пистата во Хрватска
31.05.2024 18:59
Несреќата се случила во староградско поле, кога авионот при слетување ја промашил пистата и удрил во двајца велосипедисти...

Мал авион ја промашил пистата на Хвар и удрил во луѓе-соопштија хрватските власти. Три лица се полесно повредени. Несреќата се случила во староградско поле, кога авионот при слетување ја промашил пистата и удрил во двајца велосипедисти.
Повредените со хеликоптер се пренесени во сплитската клиничка болница.
