Манифестација

„Нож и виљушка на европска чинија“ во Паркот на франкофонијата

31.05.2024 19:20

Паркот на франкофонијата е локацијата каде ќе се спојат домашните македонски производители и угостители кои подготвуваат автентична домашна храна и пијалаци, но и традиционални специјалитети од повеќе европски држави. Посетителите, ќе имаат можност да го пробаат првиот македонски џин, тартуфи, масло од лешници. Ќе има турска, австриска, италијанска, француска, малешевска храна, но и многу други специјалитети.

Вкусовите на Европа на едно место. Во Паркот на франкофонијата се одржа манифестацијата „Нож и виљушка на европска чинија“. Посетителите имаа можност да дегустираат храна од македонски производители кои подготвуваат домашна храна и пијалаци, но и традиционални специјалитети од Австрија, Германија, Франција, Турција, Италија.

Во организација на Општина Центар, оваа манифестација ги поддржува малите еко-производители кои ги промовираат своите производи и специјалитети, а целта е негување на македонската гастрономска традиција, но и афирмација на европската гастрономска култура.

Мелем од вкусови, изложувачи со сопствени уникатни производи и многу музика и забава. Манифестацијата „Нож и виљушка на европска чинија“ на помладите генерации, со своите вешти раце им ја покажа вештината на месење, плетење и везење.

 

Александра Спировска