Индија

29 починати во Индија од топлотен бран

31.05.2024 20:46

Најмногу смртни случаи (12) имало во областа Аурангабад, каде живата се искачила над 48 степени Целзиусови. Шест починати се пријавени во областа Бојпур, а по четири во Рохтас и Џеханабад...

Во Бихар во Индија во последните 24 часа од топлотен удар починале 29 луѓе. Најмногу смртни случаи (12) имало во областа Аурангабад, каде живата се искачила над 48 степени Целзиусови. Шест починати се пријавени во областа Бојпур, а по четири во Рохтас и Џеханабад, јавува индиското радио AIR.

Над 200 луѓе се разболеле од топлотен удар, поради рекордно високите температури од над 45 Целзиусови степени.