Иселувањето континуиран проблем за намалување на првачињата во Прилеп
Заврши уписот на првачињата. Училиштата ќе чекаат во август, пред почетокот на учебната година уште некое да се запише. Во Прилеп се намалува бројот, состојба која засега не може да се запре...

Мила Спиркоска е едно од 680-те првачиња кои од есен ќе го почнат своето образование во 10-те прилепски основни училишта. Нејзината мајка е горда што Мила почнува низ образовниот процес да го учи и осознава светот околу себе.
Но, бројот на првачињата континуирано опаѓа.
Ако лани беа евидентирани 802 деца кои го почнуваа образованието, годинава бројката во Прилеп е 680, иако се смета дека не е конечна.
Иселувањето е процес кој засега не може да се запре. Бројот на семејствата кои заминуваат се зголемува.
Според податоците, одливот на семејствата стигнал до 35 проценти со нивните деца од прво одделение до 4-та година во средното образование.
Елизабета Митреска
