100 фармери ќе добијат бесплатен софтвер за следење на производството
Со еден клик во апликацијата, фармерот наведува дека ја коси тревата или пак ги прска овошките. На тој начин и откупувачите се сигурни за одгледувањето и квалитетот на производот, а се намалува и бирократијата...

Бесплатниот софтвер ќе добијат 100 фармери од малите и средни земјоделски стопанства.
Со инсталирањето на софтверски програм, преку апликација на уредите, земјоделецот ќе има можност за евиденција на своето производство од засадување до финален производ.
Со еден клик во апликацијата, фармерот наведува дека ја коси тревата или пак ги прска овошките. На тој начин и откупувачите се сигурни за одгледувањето и квалитетот на производот, а се намалува и бирократијата.
Од друга страна, преку примената на информатичко-комуникациската технологија земјоделците воедно ќе имаат увид во остварениот профит и никој не ќе може да ги манипулира при откупот.
Ова е дел од проектот за чија реализација Федерацијата на фармери, Агенцијата за поттикнување и развој на земјоделството и словенечката компанија „Даталаб“ денеска потпишаа Меморандум за соработка.
Станува збор за напредно управување со фарма преку водење сметководство, добри земјоделски практики и евиденција на агротехнички мерки.
